Голманот уште еднаш ја покажа својата големина

Буфон открива: Шчесни ми го понуди бројот 1, Кјелини капитенската лента, ги одбив, тука сум да помогнам

Џиџи Буфон денеска го официјализираше враќањето во Јувентус, голманот откри дека Војчех Шчесни му го понудил дресот со број 1 а Џорџо Кјелини капитенската лента, но тој ги одбил.

Легендарниот голман реши одново да го облече дресот на „Старата дама“ и да одигра уште една сезона. Џиџи Буфон утрово пристигна во Торино на лекарски прегледи а попладнето стави потпис на договорот.

Вечерва тој откри дека Војчех Шчесни и Џорџо Кјелини имале убави гестови, Полјакот му го понудил дресот со број 1 додека пак неговиот сонародник капитенската лента. Сепак, Џиџи Буфон уште еднаш покажа дека е голем човек и ги одбил.

„Шчесни сакаше да ми го даде дресот со број 1, а Кјелини капитенската лента. Сакам да им се заблагодарам, но јас не се вратив во Јувентус за да земам туку да давам. Размислував, и ќе го одберам дресот со број 77 кој го носев во Парма и ме донесе тука во Јувентус“ - рече Италијанецот на промотивен настан во продавницата на Јувентус во Милано.

Се шпекулира дека во договорот на Џиџи Буфон има клаузула со која му се гарантираат минимум осум натпревари во Серија А за да го собори рекордот на Паоло Малдини.

„Целта е да бидам подготвен за настап и да истрчам доколку сум му потребен на тимот. Не сум тука за да гледам колку минути сум одиграл. Во Јувентус има хиерархија и прв голман во Шчесни.“

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе