Ќе брани и на 43 години

Буфон нема намера да оди во пензија, наскоро ќе потпише нов договор со Јувентус

„Тутоспорт“ пишува дека Џиџи Буфон и претседателот на Јуве, Андреа Ањели се договориле за продолжување на соработката до 2021 година. 

Весникот тврди дека 42-годишниот Буфон ќе го продолжи престојот во Јувентус до јуни 2021 година откако постигнал договор со претседателот Ањели.
 
Разговорот бил телефонски, наскоро се очекува двете страни да се сретнат во живо и новиот договор да биде формализиран.
 
Продолжувањето на договорот ќе значи дека Буфон ќе брани и на 43 години, а „Тутоспорт“ не ја исклучува можноста искусниот голман да продолжи и до 44 години.
 
Оваа сезона Буфон имаше 11 настапи од кои седум во Серија А.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе