Преговорите се во тек

Буфон би можел да се врати во Јувентус и да ја заврши кариерата таму

Реални се шансите Џиџи Буфон да се врати во Јувентус и таму да ја заврши кариерата, неговиот агент потврди дека има преговори.

По една година откако го напушти Јувентус и се пресели во ПСЖ, Буфон би можел да се врати во клубот каде што помина најголем дел од кариерата.

„Скај Спорт Италија“ објавува дека преговорите меѓу Буфон и Јувентус се во напредна фаза.

Планот е Буфон да брани уште една сезона по што ќе објави крај на кариерата, а потоа да биде дел од стручниот штаб на Маурицио Сари или да добие некоја директорска позиција во клубот.

„Засега ова е само идеја“, потврди неговиот агент, Силвано Мартина.

Откако го напушти ПСЖ, Буфон се поврзуваше со Порто, Парма, Бреша, Аталанта и Лидс, но се чини дека поголеми се шансите тој да се врати во Јувентус.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе