СП 2022

Бруно Фернандеш ја однесе Португалија во осминафиналето на СП (ВИДЕО)

Португалија со два гола на Бруно Фернандеш го победи Уругвај со 2-0 и на коло пред крајот се пласираше во осминафиналето од Светското првенство. 

Португалија ја доби дерби пресметката со Уругвај и покажа дека е една од најсериозните репрезентации на ова Светско првенство. Ѕвезда на вечерта беше Бруно Фернандеш кој ги постигна двата гола на овој меч, а малку фалеше да постигне и хет-трик.
 
Резултатот беше отворен во 54. минута кога Бруно Фернандеш шутираше и погоди, во еден момент беше нејасно дали е тоа негов гол или на Кристијано Роналдо бидејќи ЦР7 направи трзај со главата и беше блиску до топката, сепак не ја допре.
 
Во 82. минута Роналдо беше изваден од игра, а десет минути подоцна Португалија доби пенал, па најстрогата казна ја изведе Бруно Фернандеш и погоди за 2-0.
 
 
До последниот судиски свиреж Фернандеш имаше уште две големи шанси, а во една од нив ја погоди стативата, не успеа да постигне хет-трик.
 
По два одиграни меча во групата Х, Португалија е прва со шест бода и обезбеден пласман во осминафиналето, Гана е втора со три бода, а Јужна Кореја и Уругвај имаат по еден бод.
 
Во последното коло Португалија игра со Јужна Кореја, а Уругвај со Гана.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе