Серија А

Брозовиќ во 89. минута донесе победа за Интер и му ја сочува работата на Инзаги (ВИДЕО)

Интер славеше над Торино со гол на Марсело Брозовиќ во 89. минута, Симоне Инзаги ќе може малку полесно да дише по трите порази на последните четири натпервари.

Интер оваа недела имаше кризен состанок откако „нероаѕурите“ забележаа три порази на последните четири меча. Се шпекулираше дека тренерското столче на Симоне Инзаги се тресе и стратегот ќе добие отказ доколку неговиот тим не освои максимални 9 бода на следните три натпревари.

Интер беше блиску да се сопне уште на првата пречка, попладнево Торино добро ги намачи „нероаѕурите“, но трите бода останаа на „Џузепе Меаца“.

Откако Хандановиќ имаше неколку одбрани, Марсело Брозовиќ погоди во 89. минута за голема радост. Барела испрати топка преку одбраната на Торино а Хрватот одлично реагираше и го матираше Милинковиќ Савиќ за 1-0 и победа.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе