Ракометарите се собраа за пријателските натпревари

Брестовац: Сакам младите да ме уверат дека можат да играат на највисоко ниво

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац вели дека мора да се повикуваат млади играчи во спротивно ќе настане „црна дупка“ во селекцијата. 

Македонија ракометната ЕХФ недела ќе ја искористи за четири пријателски натпревари, а во составот доминираат млади играчи.
 
Брестовац вели дека не е задоволен од минутажата која ракометарите ја имаат во клубовите, па овие натпревари треба да послужат и за подобрување на формата.
 
„Сите репрезентативци се во тренажен процес, но натпреварувачкиот ритам е катастрофа, речиси никој не игра за своите клубови. Затоа и се договоривме да одиграме колку што е можно повеќе натпревари. Плус Металург се уште нема европски натпревари, а домашното првенство знаеме дека нема некој висок ритам“, вели Брестовац.
 
„Имаме проблеми на позициите три и четири, Велко Марковски не игра, нема клуб, а повреден е Никола Марковски кој има скршеница на раката. Во минатото тие со Јоновски беа целата одбрана, а сега ги немаме. Затоа сакам да проверам неколку млади играчи кои треба да бидат нивна замена, ми требаат борбени, храбри момци кои знаат да играат интелегентно. Сакам да им дадам минутажа на младите да ме уверат мене и спортската јавноста дека можат да одиграат на највисоко ниво. Се надевам дека и во Турција, а потоа и тука на овие натпревари ќе можеме да извадиме играчи кои во иднина ќе може да играат на високо ниво. Мораме да сфатиме дека мораме да внесуваме свежа крв во репрезентацијата. Ако за 2-3 години не спремиме добра селекција ќе паднеме во голема црна дупка. Ќе имаме состав без интернационално искуство“.
 
Македонија прво ќе одигра два натпревари на гости против Турција, а потоа два меча во Скопје против селекцијата на Грузија. Домашните дуели се играат на 25.10 во 20 часот и 26.10 во 16 часот во СЦ „Борис Трајковски“, влезот е слободен.

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе