Повик добија 19 ракометари

Брестовац го објави списокот за турнирите во Србија и Романија, најдобрите добија одмор

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац го објави списокот со ракометари за настап на турнирите во Србија и Романија, шанса добија воглавно играчи од домашното првенство.

Како дел од подготовките за Европското првенство, Македонија ќе одигра два меча против Кувајт во Србија а потоа ќе настапи nа „Трофеј Карпати“ во Романија. Данило Брестовац денеска го објави составот и повика 19 имиња. Шанса добија воглавно ракометари од домашното првенство и неколку интернационалци, кои порано завршија со клупските обврски.

Дуелите со Кувајт ќе ги играме на 25 и 26. декември во Стара Пазова, а потоа експедицијата ќе замине за Букурешт каде на 28. декември ќе се сретнеме со Алжир, а ден потоа со подобриот или поразениот од дуелот помеѓу Романија и Холандија.

Најдобрите ракометари на Македонија ќе ги прескокнат овие натпревари ќе и се приклучат на селекцијата дури по нејзиното враќање, кога ќе стартува финалната фаза од подготовките.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе