Бреша

Бреша не го издржа Балотели ни една сезона, му го раскина договорот

Информациите од Италија велат дека Бреша го раскинала договорот со Марио Балотели откако тој повторно не се појавил на тренинг.

„Газета дело Спорт“ утринава информира дека сопственикот на Бреша, Масимо Челино со писмо му соопштил на Балотели дека тој веќе не е член на клубот.

Иако неговиот договор траеше до 2022 година, тој и онака ќе си заминеше по крајот на сезоната бидејќи има клаузула според која може да го напушти клубот ако тој испадне во Серија Б. Нешто што е многу веројатно дека ќе се случи.

Италијанскиот весник вели дека нема да има судска постапка бидејќи раскинувањето на договорот е направен по преговори со адвокатите на Балотели.

Балотели минатото лето дојде како големо засилување за Бреша, но не покажа речиси ништо од тоа што се очекуваше, постигна само пет гола на 19 меча.

Сопственикот на Бреша, Челино јавно ги искажа своите фрустрации од Балотели велејќи дека погрешиле што го купиле.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе