Квалификации за СП 2022

Бразил предводен од Нејмар до нов триумф, Меси и Аргентина во 94. минута останаа без победа (ВИДЕО)

Аргентина остана без победа на гостувањето кај Колумбија откако прими гол во 94. минута, Бразил предводен од Нејмар остана со перфектен скор и забележа победа на гостувањето кај Парагвај.

„Гаучосите“ одново испуштија водство и мораа да се задоволат само со бод во квалификациите на Јужна Америка за СП 2022. Утрово, Аргентина имаше два гола предност против Колумбија, со погодоците на Ромеро и Паредес поведе со 0-2 по десетина минути игра.

Сепак, домаќините се вратија во игра на стартот од второто полувреме со голот на Муриел за Борха во 94. минута да реализира за 2-2 и поделба на бодовите.

Бразил остана со перфектен скор и 6 од 6 со победа на гостување кај Парагвај. Нејмар ги донесе „кариоките“ во предност уште во 4. минута.

Трите бода беа осигурани во финишот од мечот, Нејмар го проигра Пакета, кој прецизно биеше по земја за 0-2.

На останатите два натпревари кои се одиграа утрово, Венецуела одигра 0-0 против Уругвај, а Чиле 1-1 против Боливија.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе