петок, 19 април 2024

Израел изврши одмазднички напад врз Иран (ВИДЕО)

Израелски проектили погодија локација во Иран, објави Еј-би-си њуз, цитирајќи американски официјален претставник, додека иранската новинска агенција Фарс, известувајќи за експлозијата, соопшти дека е активиран системот за противвоздушна одбрана во градот Исфахан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Иранските државни медиуми и официјални лица негираат дека се случил ракетниот напад. Тие тврдат дека противвоздушната одбрана соборила три беспилотни летала и дека на теренот нема штета, вклучително и на нуклеарните постројки кои се наоѓаат во регионот Исфахан.

Израел сè уште не го коментирал нападот.

Провинцијата Исфахан е дом на голема воздушна база, голем комплекс за производство на ракети и неколку нуклеарни постројки.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека ниту една нуклеарна локација не била оштетена.

Пензионираниот американски генерал нападот го оцени како „многу промислена порака до Иран“ со оглед на локацијата каде што е извршен, но и ограничениот опсег.

За време на викендот Иран лансираше стотици беспилотни летала и проектили како одговор на наводниот израелски напад врз неговата амбасада во Сирија. Повеќето од беспилотните летала и ракетите беа соборени пред да стигнат до израелска територија. Тоа беше напад без преседан бидејќи беше прв напад врз Израел во историјата извршен од иранска територија.

Иран вчера пред Советот за безбедност на ОН изјави дека Израел мора да биде принуден да ги прекине сите воени напади врз неговите интереси, додека генералниот секретар на ОН предупреди дека Блискиот Исток се наоѓа во момент на „најголема опасност“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ