Напаѓачот на ПСЖ на теренот издржа десетина минути

Бразил ја заврши турнејата во Сингапур со ново реми и повреда на Нејмар (ВИДЕО)

Бразил забележа уште едено реми на турнејата во Сингапур, „кариоките" одиграа 1-1 против Негерија, а го загубија и Нејмар, напаѓачот се повреди по десетина минути игра.

„Кариоките“ никако да влезат во ритам по триумфот на Копа Америка пред неколку месеци, попладнево одиграа уште едно реми од 1-1 на турнејата во Сингапур.

Бразилците се мачеа со Нигерија, а го загубија и Нејмар, првата ѕвезда на тимот на теренот издржа десетина минути и поради повреда на мускул на левата нога рано беше повлечен од игра.

„Супер орлите“ поведоа со 1-0 во 35. минута. Арибо доби топка на врвот од шеснаесетникот, потоа се прошета низ одбраната на Бразил и го матираше Едерсон.

Шампионот на Јужна Америка изедначи на стартот од вториот дел, кога по еден корнер настана мешаница, Касемиро најдобро се снајде и погоди за 1-1.

Касмеро потоа се закани одново по еден прекин и ја погоди стативата, а убави прилики имаа и Ришарлисон и Кутињо, но нивните удари во последен момент беа изблокирани.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе