СП 2022

Бразил и Хрватска ја отвораат четвртфиналната фаза на Светското првенство

Останаа уште осум репрезентации кои се борат за големиот трофеј од Светското првенство, денеска почнуваат четвртфиналните битки на Мундијалот во Катар. 

Од 16 часот дуелот ќе го почнат Хрватска и Бразил. Бразилците се главен фаворит за освојување на трофејот на Светското првенство, но Хрватите имаат одличен состав кој денеска сигурно нема да искочи со бело знаме.

Селекторот Тите ги загуби Жесус и Телес кои поради повреди си заминаа од Мундијалот, а неизвесен за денеска е и Алекс Сандро кој се мачи со мускулна повреда. Далиќ не знае дали ќе може да смета на Соса кој беше болен, и Станишиќ кој има мускулна повреда.

Хрватите беа финалисти на минатото Светско првенство, коцкестите и сега целат далеку, но пред себе го имаат најголемиот фудбалски џин. 

Мечот ќе го суди англискиот судија, Мајкл Оливер.

Вечер од 20 часот играат Холандија и Аргентина. Лео Меси го има последниот танц на Мундијалите, последна шанса да го освои Светското првенство. Неговите соиграчи рекоа дека ќе направат се за тој да го освои трофејот, но тешкото почнува од денеска.

Тројца фудбалери се неизвесни во составот на Скалони, Лаутаро Мартинез, Папу Гомез и Де Пол. Кај Холанѓаните не се знае дали ќе може да игра Де Вриј.

Судија на мечот ќе биде Антонио Матеу Лахоз од Шпанија.

Денес на СП:

16:00 Хрватска - Бразил

20:00 Холандија - Аргентина

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе