Несфатлива ситуација во професионалниот фудбал

Бразил и Аргентина, пробија ново дно и ја посрамотија Јужна Америка

Иако се работи за професионален фудбал меѓу две од најдобрите селекции во светот, дуелот меѓу Бразил и Аргентина ја посрамоти цела Јужна Америка.

Мечот почна, Бразил и Аргентина играа шест минути кога на теренот се појавија бразилските власти со цел да ги уапсат фудбалерите кои ги прекршија ковид-19 протоколите.
 
Иако Аргентина знаеше дека не смее во Бразил да ги игра Мартинез, Буендиа, Ромеро и Ло Селсо, тие беа во составот, а дури тројца од нив во стартниот тим.
 
Според мерките во Бразил, оние кои ќе пристигнат од Велика Британија треба прво да поминат 14 дена карантин пред да може да почнат да функционираат во земјата. Четворицата фудбалери на Аргентина, дојдоа од Англија, но Аргентинците решија да не ги почитуваат правилата и овие фудбалери да се најдат во составот.
 
Наводно, Аргентинската фудбалска федерација се договорила со Бразилската фудбалска федерација, четворицата фудбалери да играат, да не биде пријавено дека до пред некој ден биле во Англија.
 
Оваа финта можеби и ќе им поминеше да се случуваше пред 40-50 години. Но во 21. век е лудо да се обидеш да го изиграш системот за меч од највисоко ниво. Информацијата дека Аргентина не смее да ги игра Мартинез, Буендиа, Ромеро и Ло Селсо во Бразил излезе уште пред неколку дена, и тоа го знаеше цел свет.
 
Голем дел од вината ја сноси Аргентина што воопшто ги поведе четворицата фудбалери, но за огромен дел од срамот заслужни се и бразилските власти.
 
Сите се чудат зошто полицијата и здравствените власти чекаа мечот да почне па потоа да реагираат, да влезат во теренот и да го прекинат мечот барајќи да ги уапсат фудбалерите кои го прекршиле законот.
 
Аргентинските фудбалери некој ден пред мечот беа пристигнати во Бразил, но никој не реагираше се додека не почна натпреварот, па наместо спектауларен меч, се случи невиден циркус.
 
И Бразил и Аргентина ја сносат вината за бизарната сцена која го посрамоти јужноамериканскиот фудбал.

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе