НА ВОВЕДНИОТ МЕЧ НА МУНДИЈАЛОТ

Бразил го потврди фаворитскиот статус, силен отпор даде Хрватска (ВИДЕО)

Домаќинот Бразил со триумф стартуваше на воведниот меч од Мундијалот. Бразилците успеаја три пати да ја затресат мрежата на Хрватска за конечни 3-1 во првиот натпревар од групата А.

Хрватите влегоа порастоварени во овој меч, затоа што притисокот беше кај противникот.

По лошата реакција на Марсело, кој ја допре топката пред сопствениот гол, се затресе мрежата на домаќинот, па Хрватска поведе со 0-1, благодарение на автоголот на Марсело.

Бразилската ѕвезда Нејмар се потврди како главна пречка за избраниците на селекторот Ковач. Најдобриот играч на кариоките кој го красат фудбалски вештини, повторно ги увери љубителите на фудбалот дека знае да ги покаже во клучните минути за неговата репрезентација. Тој успеа да ја затресе мрежата на противникот по сјајна индивидуална акција со шут од дваесет метри. Неговиот проктил од стативата заврши во долниот десен агол, Стипе Плетикоса беше немоќен во оваа ситуација.

Полувремето заврши со резултат 1-1, а веќе во 70 та минута, Дејан Ловрен направи фаул и доби жолт картон, а домаќините добија шанса за пенал, кој преку Нејмар го реализираа за водство од 2-1. Конечните 3-1 ги постави Оскар во самата завршница.

 

Бразил и Хрватска во групата А се заедно со Мексико и со Камерун.

 

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе