Реал Мадрид

Братот на Погба со порака до Перез: Пол сака да замине, ништо не е невозможно

Братот на Пол Погба, Матиас вели дека неговиот брат сака да замине од Манчестер јунајтед и тој е уверен дека се уште може да се случи трансферот во Реал Мадрид.

Матиас Погба смета дека Зидан треба да го добие неговиот брат, Флорентино Перез треба да направи напор во последните денови од преодниот рок и да му го донесе играчот кој стратегот го сака.

„Зидан е еден од најдобрите и мислам дека доколку клубот му го даде тоа што го сака, нема да имаат никаков проблем“, вели Матиас Погба.

„Но доколку не му ги остварат желбите, ќе им биде тешко бидејќи нема да го има тоа што го сака и не може да игра така како што сака“.

„Мојот брат е тоа што му фали“.

„Погба сака да си оди. Во тимот каде што е сега не може да го направи тоа што го сака. Целиот Јунајтед е поделен од Мурињо, тоа не е добар пример“.

„Не е невозможно за Флорентино да го купи мојот брат. Не бидете сигурни дека Погба ќе остане во Јунајтед. До 2 септември се може да се случи. На Реал му треба играта и карактерот на Погба“.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе