Трагедија во Тулуз

Братот на ѕвездата на Тотнем, Орие е убиен пред ноќен клуб!

Братот на ѕвездата на Тотнем, Серж Орие утринава бил смртно застрелан со пиштол пред ноќен клуб во Тулуз, убиецот е во бегство. 

Околу пет часот утринава, братот на Серж Орие, Кристофер бил убиен пред ноќен клуб. Убиецот е во бегство.
 
Француските медиуми пренесуваат дека по истрелите локалните жители пријавиле дека маж лежи на подот, пристигнала брза помош на местото на настанот, братот на Орие веднаш бил префрлен во болница, но таму само констатирале смрт.
 
Полицијата започнува истрага за трагичниот настан. Причините за убиството се уште не се познати.
 
Кристофер Орие исто така бил фудбалер, настапувал во петтата француска дивизија за клубот Тулуз Родео.
 
И тој како и неговиот брат Серж излегол од младинската школа на Ленс, но не успеал да го достигне нивото на брат му.
 
Трагичната вест силно е голем удар за Серж Орие кој веројатно ќе отсуствува на следните натпревари на Тотнем.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе