Серија А

Браќата Инсиње стрелци, Наполи со пресврт во вториот дел до три бода (ВИДЕО)

Наполи со 1-2 триумфираше на гостувањето кај Беневенто, браќата Инсиње погодија на локалното дерби, Лоренцо со спектакуларен погодок од врвот на шеснаесетникот одговори на голот на Роберто.

Наполи со три бода се враќа од гостувањето кај „вештерките“, со пресврт во вториот дел, избраниците на Џенаро Гатузо стигнаа до триумф од 1-2.

Резултатот беше отворен по половина час игра, Роберто Инсиње итро биеше на првата статива и донесе предност од 1-0.

Одговорот стигна во 60. минута, неговиот постар брат, Лоренцо Инсиње спектакуларно погоди од врвот на шеснаесетникот и изедначи на 1-1.

Во 67. минута беше комплетиран пресвртот, Политано го проигра Петања, кој рутински реализираше за 1-2.

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе