Бостон Селтикс

Бостон ќе го повлече дресот со број 5 на Кевин Гарнет (ВИДЕО)

Веќе никој нема да може да го носи дресот со број 5 во Бостон, клубот ќе ја повлече петката во чест на легендарниот Кевин Гарнет. 

Кевин Гарнет НБА кариерата ја почна во 1995 година во Минесота. Во Бостон пристигна во 2007 и во својата прва сезона му помогна на тимот да ја освои титулата. Таа сезона беше трет во трката за МВП, а беше прогласен и за најдобар дефанзивен играч.
„Од моментот кога дојде, летото 2007, Кевин промени се за нас. Неговата комплетна посветеност за победа беше одлучувачки фактор за нашиот торфеј во 2008. Отсекогаш бил еден од моите омилени кошаркари“, вели ко-сопственикот на Бостон, Вик Гроусбек.
„Чест ми е и благодарен сум што мојот дрес ќе биде пензиониран во Бостон. Секогаш ќе имам голема почит и благодарност до сопствениците, моите поранешни соиграчи и навивачите“, изјави Гарнет.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе