Пред две ипол години, „милионерите“ го победија Манчестер јунајтед за потписот на Ерлинг Халанд, кој реши да го замени РБ Саллцбург со Борусија Дортмунд.
Историјата сега се повторува, Борусија Дортмунд направи нов „дил“ со РБ Салцбург и успеа да го договори талентираниот Карим Адејеми.
„Блиску сме до комплетирање на зделката со Борусија Дортмунд. Нема да има откупна клаузула во договорот“ – открива агентот на напааѓчот, Томас Соломон.
„Манчестер јунајтед и Ралф Рангник сакаа да се вклучват во трката, но момчето преферираше преселба во Борусија“.