Сините имаат опција да ја изедначат понудата

Борнмут прифати понуда од 41 милион фунти за Аке, но се прашува и Челси

Борнмут прифати понуда од 41 милион фунти од Манчестер Сити за дефанзивецот Нејтан Аке, но Челси има опција да ја изедначи понудата. 

Борнмут кој испадна од Премиерлигата ќе ја направи својата рекордна продажба. За 41 милион фунти ќе го продаде дефанзивецот Нејтан Аке.
 
Тие ја прифатиле понудата на Манчестер Сити, но треба да се праша и Челси.
 
Во договорот од 2017 година кога Борнмут го купуваше Аке од Челси, има клаузула според која клубот од Стемфорд Бриџ мора да добие шанса да ја изедначи секоја понуда за Аке која ќе ја прифати Борнмут.
 
Според тоа Челси сега ќе има можност да понуди исто како и Сити 41 милион фунти, па Аке да одбере за кој клуб ќе потпише. 
 
Наскоро ќе биде познато дали Челси го сака Аке назад или нема да се обиде да го врати и тој ќе стане ново големо засилување за Манчестер Сити. 

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе