УЕФА се уште нема донесено конечна одлука

Борис Џонсон нуди цело Европско првенство да се игра во Англија

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон на УЕФА и понудил кај нив да се одиграат сите натпревари од Европското првенство. 

EPA-EFE
Македонија уште не знае каде ќе го игра своето дебитантско Европско првенство. УЕФА се уште не донела конечна одлука.
 
Според актуелниот распоред, Вембли треба да биде домаќин на едно полуфинале и на финалето, а Британскиот премиер, Борис Џонсон на УЕФА и рекол дека тие може да организираат колку и да треба натпревари, дури и целиот шампионат.
 
Ние сме домаќини на мечеви од Европското. Кај нас се игра полуфинале и финалето“, вели Борис Џонсон.
 
„Доколку УЕФА сака да организираме и други мечеви, ние можеме да го направиме тоа. Можеме да ги организираме сите натпревари, но тоа зависи од УЕФА“.
 
Тој потврди и дека тие ќе испратат понуда за организација на Светското првенство во 2030 година.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе