Дефанзивецот испрати порака до ривалите

Бонучи: Сите чекаа да го погребаат Јувентус но заборавија на нашиот менталитет, на нашето мото!

Леонардо Бонучи се огласи на социјалните мрежи и испрати порака до ривалите откако Јувентус во последното коло обезбеди топ четири пласман и настап во Лигата на шампионите.

По девет Скудета во низа, Јувентус оваа сезона остана без титулата во Италија. Сезоната се закануваше да биде катастрофална откако по поразот од 0-3 на домашен терен против Милан, „старата дама“ беше на добар пат да остане и без топ 4 финиш.

Сепак, синоќа беше фатен последниот воз, Наполи киксираше против Верона па Јувентус обезбеди настап во Лигата на шампиони и на сите во Торино има падна камен од срце.

Па ова беше повод Леонардо Бонучи да се огласи на социјалните мрежи и да испрати порака до ривалите.

„Сите беа подготвени, го чекаа последниот момент за да го направат она што најмногу сакаат да го направат. Но заборавија на гордоста на оваа група, на менталитетот на овој тим, мотото на овој клуб“ - напиша дефанзивецот.

„Вистина, сезонава имавме подеми и падови, имаше моменти кога прикажувавме одлични партии но и моменти кога не игравме како што треба, губевме поени на натпревари на кои обично не губиме“.

„Сепак, на крајот останува она што ви следува. Освоени два трофеи. Ја остваривме целта кога сите се подготвуваа да не погребаат. Навиваа за наш неуспех. Но FINO ALA FINA (до самиот крај), верувавме и ја остваривме целта, и на крајот ние бевме тие кои славеа“.

„Знаеме колку тешка беше годината и за нашите фанови. Ни недостасувавте. Ќе се сретнеме одново следната сезона. Иако не ги остваривме највисоките цели, се радувавме на важни трофеи и успех“.

„Го повторуваме ова 10 години. Се останато е муабет за во кафана“.

„Фино ала Фине, форца Јувентус“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Leonardo Bonucci (@bonuccileo19)

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе