Фатих Терим дал зелено светло за ангажман на Македонецот

Бомба од Турција, Елиф Елмас понуден на Галатасарај

Медиумите од Турција пренесуваат дека Елиф Елмас бил понуден на Галатасарај, лутиот градски ривал на Фенербахче, тренерот Фатих Терим дал зелено светло за ангажман на Македонецот.

Елиф Елмас во новата сезона може да игра во Галатасарај, ова го пренесуваат медиумите од Турција. Новинарот Зеки Узундурукан објави дека менаџерот на Македонецот имал преговори со челлниците на „жолто-црвените" и го понудил на едногодишна позајмица.

Тренерот Фатих Терим бил информиран за ваквиот развој на настаните, и дал зелено светло за ангажман на Елиф Елмас.

Македонецот минатото лето од Фенербахче се пресели во Наполи за 16 милиони евра, плус бонуси од 1,5 милиони евра, како и додатна исплата од 1,5 милиони евра доколку играчот направи трансфер, што беше најголема продажба во историјата на „жолтите канаринци“.

Елиф Елмас имаше сосема солидна сезона во дресот на Наполи, сите се задоволни од неговите перформанси и наскоро тој треба да стави потпис на нов договор до 2025 со зголемена плата.

Останува да се види дали има вистина во шпекулациите од Турција, поради пандемијата на коронавирус, трансфер пазарот ќе биде отворен до 5. октомври, па клубовите ќе имаат доста време да ги скројат тимовите за новата сезона.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе