Двата клуба конечно си подале рака

Бомба од Португалија: Бруно Фернандеш е нов играч на Манчестер јунајтед за 80 милиони евра!

Голем број на извори од Португалија пренесуваат дека Манчестер јунајтед и Спортинг конечно се договориле за трансфер на Бруно Фернандеш на Олд Трафорд, подадена е рака за трансфер од 55+25 милиони евра

Бруно Фернандеш утре треба да отпатува за Манчестер за да го комлетира трансферот на Олд Трафорд, оваа вест вечерва ја пренесоа весниците О Жого, Рекорд и А Бола.

„Ѓаволите“ со недели се обидуваа да пронајдат договор со Спортинг, имаше гласини дека преговорите пропаднале, денеска дури и се пишуваше за лудо сценарио во кое Барселона ќе го купи Бруно Фернандеш и ќе го испрати на позајмица во Валенсија со цел да го добие Родриго.

Сепак, Манчестер јунајтед на крајот успеа да си подаде рака со „лавовите“ за трансфер кој може да чини и до 80 милиони евра.

Како што пишуваат изворите од Португалија, клубот од Олд Трафорд ќе плати 55 милиони евра, плус додатни 10 милиони евра во лесно остварливи бонуси и плус додатни 15 милиони евра во малку покомплицирани бонуси.

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе