„Кралевите“ и ги матат плановите на Барселона

Бомба од Аргентина, Реал Мадрид ја активира откупната клаузула вредна 111 милиони евра на Лаутаро Мартинез

Реал Мадрид може одново да и ги помати сметките на Барселона, од Аргентина пристигнува информација дека „кралевите" се подготвени да ја активираат откупната клаузула вредна 111 милиони евра на Лаутаро Мартинез.

Аргентинецот во 2018 година пристигна во Интер и за кратко време го привлече вниманието на неколку клубови. Се говореше дека Барселона е прв кандидат, „каталонците“ во Лаутаро Мартинез гледаат долгорочна замена за Луис Суарез и нема да штедат пари.

Но сметките може да им ги помати лутиот ривал Реал Мадрид. Од Аргнтина пристигнува информација за трансфер бомба. Споре дновинарот Естебан Адул од ТиК Спортс, „кралевите“ се подготвени да ја активираат откупната клаузула на напаѓачот вредна 111 милиони евра.

За да го примамат играчот на Сантојаго Бернабеу, од таборот на Реал имаат спремно богат договор и плата од 14 милиони по сезона.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе