Серија А

„Бомба“ на Роналдо, мајсторија на Даглас Коста за лесна победа на Јуве над Џенова (ВИДЕО)

Јувентус рутински со 3-1 победи на гостувањето кај Џенова, Пандев го одигра финишот од мечот, неговиот тим ја продолжува грчевитата борба за опстанок. 

Јувентус ја оправда фаворитската улога во Џенова и лесно дојде до трите бода иако во првиот дел не успеа да го скрши отпорот на домаќините.
 
Резултатот беше отворен во 50. минута кога Дибала постигна убав гол за водство на Јувентус од 1-0.
 
Седум минути подоцна, Кристијано Роналдо од далечина испука вистинска помба во мрежата на Перин и зголеми на 2-0.
 
А во 73. минута следуваше уште подобар гол, овој беше во режија на Даглас Коста кој прекрасно пласираше во аголот за 3-0.
 
До крајот на мечот Џенова успеа само да постигне почесен гол преку Пиамонти во 76. минута
 
Горан Пандев во игра влезе во 77. минута од натпреварот.
 
Доколку утре Лече ја победи Сампдорија, Џенова може да падне и во зоната за испаѓање, Јувентус останува на врвот со четири бода пред Лацио кој претходно со пресврт го совлада Торино со 2-1.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе