Белорусинот открива детали од соблекувалната на Камп Ноу

Бомба на Хлеб: Роналдињо и Деко доаѓаа пијани на тренинг, Барса ги продаде за да не го изгуби Меси

Поранешниот фудбалер на Барселона, Александр Хлеб открива дека Роналдињо и Деко доаѓале пијани на тренинг, па биле продадени бидејќи „каталонците" се плашеле дека можат да останат без Лео Меси

Кога Пеп Гвардиола го превзеде кормилото на Барса во 2008, направи мала чистка на тимот. Шпанецот се ослободи од ѕвезди како Роналдињо и Деко, а на продажба го стави и Ето, кој сепак одби да замине и остана уште 12 месеци.

Александр Хлеб беше едно од новите имиња кои пристигнаа, но се покажа како промашување, помина само една сезона на Камп Ноу и потоа во следните три беше испраќан на позајмица.

Белорусинот, кој никогаш не криел дека голема грешка му било што го напуштил Арсенал за преселба во Барселона, сега излезе со бомбастична изјава и откри дека Роналдињо и Деко доаѓале пијани на тренинг.

„Роналдињо и Деко доаѓаа пијани на тренинг. Знаете зошто Барса ги продаде во 2008? Бидејќи се плашеше дека ќе го загуби Лео Меси“ – вели фудбалерот од средниот ред.

Интересно е тоа што Александр Хлеб никогаш не тренирал со Роналдињо и Деко. Белорусинот потпиша за Барса на 16. јули 2008, а Деко беше продаден на Челси две ипол недели претходно односно на 30. јуни. Роналдињо пак се пресели вп Милан на 18. јули. Па тој може да знае вакви информации само доколку некој му раскажувал.

За сопствената авантура на Камп Ноу, Александр Хлеб додава: „Не сакав да потпишам за Барса, сакав да останам во Арсенал или да одам во Баерн. Но мојот агент инсистираше, велеше дека Гвардиола му се јавил неколку пати и на крајот...“

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе