Болоња ги израдува навивачите на Милан откако го победи Интер со 2-1, а почетокот на натпреварот не изгледаше така.
Интер поведе со гол на Перишиќ уште во третата минута од натпреварот и се чинеше дека ќе ја остварат целта во Болоња, но работите почнаа да се менуваат.
Водството на Интер беше неутрализирано во 28. минута кога Арнаутовиќ го изедначи резултатот на 1-1.
Овој резултат беше актуелен долго време, а во 81. минута голманот на Интер, Раду направи неверојатен кикс и му дозволи на нововлезениот Сансоне да постигне гол за победа на Болоња од 2-1.
На четири кола до крајот Милан е прв со 74 бода, Интер има 72 и сега тие се во позиција да чекаат кикс на нивниот градски ривал.
Супер интересно беше во Бергамо каде Аталанта и Торино одиграа нерешено со дури осум голови, мечот заврши 4-4.
Вистински шок доживеа Фиорентина во Фиренца каде загуби од Удинезе со 4-0. Несторовски во игра влезе во 90. минута, интересно, по неговото влегување беа дадени два од четирите гола.