Се пеглаат последните детали

Бобан го договорил Анхел Кореа, Милан носи засилување од преку 50 милиони евра

Од Атлетико Мадрид пристигнува пристигнува нов играч во нападот на „росонерите", медиумите пренесуваат дека е договорен трансферот на Анхел Кореа, кој може да го чини клубот од Сан Сиро и до 57 милиони евра.

Анхел Кореа ќе биде големото засилување за Милан ова лето. Директорот Бобан е во Мадрид, преговорите се во напредна фаза и се пеглаат деталите.

Медиумите од Италија пренесуваат дека начелно е постигнат договор за трансфер од 50+ милиони евра. Се верува дека „росонерите“ за услугите на Аргентинецот ќе треба да платат 40 милиони евра, плус додатни 10 милиони евра во лесно остварливи бонуси со што на Атлетико практично ќе му бидат гарантирани 50 милиони евра.

Ќе има и додатни бонуси од 7 милиони евра кои сепак ќе бидат малку потешки за остварување.

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе