Милан

Бобан бара итен состанок со сопствениците на Милан, Газидис им работел зад грб

Директорот на Милан, Звонимир Бобан вели дека Иван Газидис им работел зад грб, го договарал Ралф Рангник без да им каже, Хрватот бара кризен состанок со сопствениците. 

Извршниот директор на Милан, Иван Газидис се чини дека не е во добар и пред се искрен однос со директорите Бобан и Малдини.
 
Бобан обвинува дека Газидис зад грб водел преговори со Ралф Рангник за Германецот од следната сезона да го презеде тренерското место во Милан, а може да ја добие и функцијата спортски директор.
 
„До пред неколку дена мислев дека не е вистина дека во Милан има две души, и покрај тоа што имавме илијадници потешкотии, културни разлика и многу различна пасија за каузата на росонерите“, вели Бобан за „Газета дело Спорт“.
 
„Фактот дека ќе треба да разговараме за ова не е добар за било кој. Најлошо е што овој дестабилизирачки настан се случува во моментите кога тимот напредува и можете да ја видите напорната работа на Стефано Пиоли“.
 
„Ова не е стилот на Милан. Барем не паметам јас“.
 
Бобан беше запрашан дали нема шанса сегашните директори повторно да работат со Газидис сложно, како ништо да не се случило.
 
„Според мене обединетоста значи споделување на информациите, значи почит. На крајот на денот потребен ни е таков приод, тоа единствениот начин да работите и да се чувствувате добро“.
 
„Веќе разговаравме со Газидис. За доброто на Милан потребен е што побрз состанок со сопствениците“.
 
„Сопствениците треба да имаат јасен став и за буџетот и за целите на тимот. Во суштина ние мора да го почитуваме тоа дека сопствениците мора да ги избалансираат сметките за финансискиот фер плеј, додека сопствениците мора да ги остават спортските резултати на оние кои ја претставувале историјата и вредностите на овој клуб“.
 
„Во овој момент, покрај напорите кои ги направивме во јануарскиот преоден рок, кратејќи многу трошења и продажби за да ја намалиме сметката, се уште не знаеме какви средства ќе имаме за летото“.
 
„Беше побарано од нас да ја намалиме возраста на составот и го направивме тоа, но секогаш гледавме да го има потребниот микс меѓу млади и искусни. Во јануарскиот преоден рок бевме во право, можете да видите колку брзо младите фудбалери напредуваат со поискусни покрај нив во составот“.
 
Бобан беше запрашан и дали Милан би можел да се бори за враќање во Лигата на шампионите.
 
„Најпрво треба да заврши оваа сезона па ќе видиме каде сме, но ова веќе е поинаков Милан. Не велам дека треба да го направиме тоа следната сезона, но треба да бидеме конкурентни и да се бориме со секој во Италија“.
 
„Свесни сме дека ова не е Милан од нашите денови, но треба да имате некоја вистинска амбиција која ќе направи да сонувате“.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе