Верува дека може уште да игра за Германија, но...

Боатенг џентлменски: Ја почитувам одлуката на Лев, и јас кога бев млад постарите ми ослободија место

Селекторот на Германија, Јоаким Лев денеска јавно соопшти дека во иднина нема да смета на триото од Баерн Минхен, Матс Хумелс, Томас Милер и Жером Боатенг. 

Лев сака да направи рез во репрезентацијата по разочарувачкиот настап на Светското првенство, па ги отпиша Хумелс, Милер и Боатенг. Селекторот разговарал со нив и лично им ја соопштил одлуката.
 
Боатенг е тажен поради тоа што нема веќе да игра за Германија, тој смета дека може уште, но ја почитува одлуката на селекторот.
 
„Селекторот Јоаким Лев денеска во пријатна конверзација ме информираше дека нема да бидам веќе дел од германската репрезентација, тој сака да им даде можност на нови млади играчи во иднина“, вели Боатенг.
 
„Тажен сум поради тоа бидејќи отсекогаш една од најважните работи за мене беше тоа што ја претставувам мојата земја. Сепак ја почитувам одлуката на селекторот и новата патека која ја зема“.
 
„Кога јас бев млад, постарите играчи направија место за мене. Лично, јас сум уверен дека можам да продолжам да играм на највисоко ниво и ќе продолжам да го покажувам тоа во иднина. Секогаш со големо задоволство ќе се навраќам на моето време поминато во националниот тим“.
 
„Секогаш ќе бидам екстремно горд што можев да го носам дресот на националниот тим и никогаш нема да го заборавам летото 2014. И посакувам среќа на репрезентацијата во иднина!“.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе