Да може да се врати во минатото би ги променил работите

Боатенг: Бев несреќен, со пари ја купував среќата, за еден ден купив три луксузни автомобили

Кевин Принц Боатенг признава дека додека бил во Тотнем како млад фудбалер не бил среќен, па утехата ја барал во трошење пари, за еден ден купил три луксузни автомобили. 

33-годишниот фудбалер има променлива кариера, почна од Херта Берлин, од таму отиде во Тотнем каде што беше од 2007 до 2009 година, не се наигра па премина прво на позајмица во Борусија Дортмунд, а потоа потпиша за Портсмут.
 
Најдобриот период од кариерата го имаше во Милан од 2010 до 2013 година, шест месеци беше член и на Барса, а сега игра во Серија Б, во екипата на Монца која ја водат Силвио Берлускони и Адриано Галијани.
 
Боатенг признава дека како млад бил арогантен, но длабоко во себе бил несреќен затоа што не игра, па среќата ја барал во трошење пари.
 
„Вистина е, кога бев млад, во Тотнем, купив три луксузни автомобили за еден ден, но имаше многу болка во мене. Се обидував со парите да си купам среќа. Не бев среќен. Не играв. Не бев среќен поради тоа и затоа трошев многу пари. Сигурно дека сеа да можам би го променил тој дел од минатото“, вели Боатенг.
 
„Често му верував само на мојот талент, но талентот кој го имав без да бидам арогантен како што бев, сигурно можев да направам повеќе во кариерата. Како и да е, имав добра кариера и задоволен сум“. 
 
Шест месеци од кариерата, Боатенг помина во Барселона, таму не покажа многу и брзо го напушти Камп Ноу и отиде во Фиорентина. Тој не ни верувал дека Барса се интересира за него.
 
„Шестте месеци во Барселона беа неверојатни. Прво не ми се веруваше дека тие ме бараат. Мислев дека се работи за Еспањол, а не за вистинската Барселона“, вели Боатенг кој потоа раскажува за Меси.
 
„Тренирањето со Меси ме оставаше без зборови. Отсекогаш велев дека Кристијано Роналдо е најдобриот во светот, но Меси е нешто друго. Тој не е нормален“.
 
„Додека тренирав со него прв пат во мојата кариера се почувствував несоодветно. Тој правеше неверојатни рабооти. Се чувствуав како: „Готово, престанувам да играм фудбал повеќе“.
 

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе