Подготвува понуда од 2 милијарди фунти

Близок пријател на Трамп сака да го купи Челси, фановите треба да бидат загрижени

Медиумите од Англија пренесуваат дека Вуди Џонсон, близок пријател на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, сака да го купи Челси и подготвува понуда од 2 милијарди фунти.

Ново име влегува во трката за купување на Челси, како што пренесуваат медиумите од Англија, се работи аз Вуди Џонсон.

Наследникот на фармацевтската компанија „Џонсон и Џонсон“, кој е близок пријател на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, е подготвен да понуди 2 милијарди за да го наследи Роман Абрамович на чело на „сините“.

Иако неговата понуда е значително помала од онаа на „Сауди Медиа Груп“ (2.7 милијарди фунти), Вуди Џонсон верува дека може да ги победи саудијците благодарејќи на неговите добри односи кои ги воспоставил кога бил амбасадор на САД во Велика Британија (2017-2021). Тој исто така верува дека може да го подобри имиџот на Челси во САД и да креира поголеми приходи од овој пазар.

Фановите на Челси треба да бидат загрижени од интересот на Вуди Џонсон доколку погледнат што се случува со Њујорк Џетс. Милијардерот го купи овој тим од НФЛ во 2000 година и најави шампионски денови, но 22 години подоцна, тие не само што не освоија титула, не играа ниту во Супер Боул, и во моментов 11 години по ред не можат да стигнат ниту до плеј-оф.

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе