Наполи ја продолжи победничката серија, Елиф Елмас го одигра целиот меч, имаше асистенција и постигна одличен погодок. Несторовски доби шанса во последните 20 минути и го постигна својот прв гол во Серија А оваа сезона.
Течеше 15. минута кога Елмас со прекрасна асистенција го проигра Осимен кој постигна гол за водство на Наполи од 1-0. 15 минути подоцна Зиелински даде гол за 2-0.
Во 58. минута Елмас постигна мајсторски погодок и го зголеми водството на Наполи на 3-0.
Осум минути откако влезе Несторовски со полу-волеј постигна гол и го намали резултатот на 3-1.
Три минути подоцна Самарџиќ даде гол за 3-2, но Удинезе не успеа во последните минути да постигне и трет гол и да избегне пораз.