Многу пофалби пред меѓусебната пресметка

Бјелса: Нема друг тренер како Гвардиола, неговата Барса е еден од најдобрите тимови во историјата

Во пресрет на дуелот помеѓу Лидс и Манчестер Сити, Марсело Бјелса упати многу пофални зборови за Пеп Гвардиола и објасни зошто Шпанецот ќе биде успешен дури и ако биде на кормилото на просечен клуб од втора лига.

Пеп Гвардиола важи за еден од најдобрите тренери на денешницата но и во историјата, но има многумина кои веруваат дека стратегот е успешен само поради тоа што предводи клубови кои имаат многу пари и можат да му ги исполнат сите желби.

Критичарите се особено гласни сега кога Пеп Гвардиола со Манчестер Сити нема успех во Лигата на шампиони а потороши огромно богатство на засилувања, само на одбрамбени играчи има потрошено речиси 500 милиони евра.

Марсело Бјелса сепак не се сложува со ова, тренерот на Лидс верува дека Пеп Гвардиола може да биде успешен дури и доколку седи на кормилото на просечен клуб од втора лига.

Запрашан дали Пеп Гвардиола може да го копира неговиот успех со Лидс, Аргентинецот вели: „Без сомневање“.

Често се говори дека Марсело Бјелса е менторот на Пеп Гвардиола, но „лудакот“ не мисли така: „Не чувствувам дека сум му ментор на Гвардиола, има докази кои го поддржуваат ова. Доколку има тренер кој е независен во своите идеи, тоа е Гвардиола“.

„Не мора да ми верувате на зборот, само погледнете ги неговите тимови, никој друг не игра како нив. Пеп има огромна имагинација. Способен е веднаш да креира решение за проблем со кој се соочува и способен е да ги имплементира работите кои ги предлага“.

„За тимот на Барселона кој тој го креираше сите велат дека е еден од најдобрите во историјата“.

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе