ПМФЛ

Битките за Европа и опстанок ќе се решаваат во последното коло

35. коло од првенството на Македонија не донесе никаква разврска на табелата, битките за Европа и опстанок ќе се решаваат во последното коло

Разврската во ПМФЛ ќе ја видиме во последните 90 минути од оваа сезона. Од поодамна е сигурно дека Шкендија е шампион а Вардар е вицешампион. За последните два учесника во Европа, како и за тоа кој ќе обезбеди опстанок ќе се води битка до последниот свиреж.

Скопје го напушти дното на табелата откако со 1-0 славеше во дуелот со Победа, а Пелистер пред своите фанови загуби од Шкупи со 0-2. Тимот од Чаир со овие три бода се искачи на четвртата позиција на табелата, со бод помалку во однос на Работнички и бод повеќе над Силекс.

Токму Силекс и Работнички попладнево ги одмерија силите во Кратово, а натпреварот заврши со почетните 0-0.

Шкендија со 0-3 славеше на гостувањето кај Ренова, а на уште еден натпревар кој немаше резултатска значење, Максимов во финишот донесе победа за Вардар од 3-2 над Академија Пандев.

Табела

Шкендија 88 бода, Вардар 56, Работнички 49, Шкупи 48, Силекс 47, А. Пандев 42, Ренова 41, Скопје 35, Победа 35, Пелистер 34.

Во последното коло се среќаваат:

Победа – Ренова

Шкупи – Вардар

Академија Пандев – Силекс

Работнички – Скопје

Шкендија – Пелистер

Фото: ФК Вардар

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе