Квалификации за СП 2022

Билетите за мечот меѓу Македонија и Германија се распродадени

Фудбалската федерација на Македонија информира дека сите влезници кои беа пуштени во продажба за мечот со Германија се проддени. 

„Билетите за натпреварот Македонија - Германија од квалификациите за Светското првенство 2022. се распродадени. 
 
Натпреварот ќе се одигра на 11. октомври на Националната арена “Тодор Проески” во Скопје. 
 
Фудбалската федерација на Македонија преку официјалниот партнер за продажба на билети, MKTickets пушти во продажба половина од капацитетот на Националната арена колку што дозволуваат здравствените протоколи за заштита од коронавирусот. 
 
Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и навивачи на македонската репрезентација да ги почитуваат препораките за заштита од вирусот и со фер и коректно навивање да бидат поддршка за Македонија да дојде до вредни бодови и дополнително да се приближиме кон врвот во квалификациската група за СП“, стои во соопштението на ФФМ.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе