Европско првенство

Билбао и Даблин ја загубија организацијата на Европското првенство

УЕФА денеска и официјално соопшти дека Билбао и Даблин нема да бидат дел од домаќините на престојното Европско првенство откако не дадоа гаранција за присуство на публика. 

Минхен е потврден како град домаќин откако потврди дека на стадионот може да има минимум 14.000 навивачи.
 
Преостанатите два града на кои се чекаше да го направат истото беа Билбао и Даблин, но градските власти на овие градови не ги дадоа потребниите гаранции.
 
На местото од Билбао, домаќин ќе биде Севиља, натпреварите ќе се играат на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“.
 
А натпреварите кои требаше да се играат во Даблин се поделени меѓу Санкт Петербург и Лондон. 
 
Трите меча од групната фаза кои требаше да се играат во Даблин ќе се играат во Санкт Петербург, а осминафиналето кое требаше да се игра во ирската метропола ќе се игра во Лондон.

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе