Македонецот и раководството на клубот не успеаја да се договорат

Биелса жали што Алиоски си заминал од Лидс: Знам дека сакаше да остане, но...

Тренерот на Лидс, Марсело Бјелса жали што Езгјан Алиоски го напуштил „Иланд Роуд", вели дека не само што загубиле квалитетен фудбалер, останале и без омилен лик во соблекувалната.

Марсело Бјелса попладнево разговараше со новинарите во пресрет на дуелот против Манчестер јунајтед во воведното коло од новата сезона во Премиерлигата.

Едно од прашањата беше за нашиот Езгјан Алиоски, кој по четири години стави крај на авантурата во Лидс откако не успеа да пронајде согласност со раководството на клубот за продолжување на соработката.

„Многу сум тажен. Поради фудбалскиот дел се разбира, но особено поради човечкиот дел. Имам голема почит кон него. Знам дека сакаше да продолжи, и знам дека клубот сакаше да го задржи. Сепак, има преговори, двете страни имаа свои интереси, во прашање се и финансии. На крајот преговорите завршија без да се пронајде договор“ – вели стратегот од Аргентина.

Езгјан Алиоски, кој со своите лудории и пожртвуваност на теренот се промовираше во омилен лик во соблекувалната но и помеѓу навивачите, кариерата реши да ја продолжи во Саудиска Арабија, во редовите на Ал Ахли.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе