Лидс

Биелса сака Алиоски да остане во Лидс

Тренерот на Лидс, Марсело Биелса вели дека тој нема влијание во преговорите на Алиоски и клубот, но би бил среќен ако македонскиот фудбалер го продолжи договорот. 

Алиоски е стартер во тимот на Биелса, но се чини дека тој ја игра последната сезона во Лидс. Се пишува дека нашиот фудбалер има подобри финансиски понуди и ќе си замине од Англија. Но конечна одлука се уште нема.
 
„Не знам каква одлука ќе донесе Алиоски. Преговорите се засновани на понуди и побарувања, тоа е природен процес“, вели Биелса.
 
Тоа се приватни преговори меѓу клубот и фудбалерот и моето мислење нема влијание во тоа што ќе се случи со Алиоски“.
 
„Јас би бил среќен ако тој продолжи со нас, но клубот и Алиоски одлучуваат за тоа. Што и да одбере Алиоски е легитимно“.
 
„Она што можам да го кажам е дека ако Алиоски и клубот одлучат да ја продолжат нивната соработка, јас би бил среќен со таквата одлука“.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе