Швеѓанецот заминува од Сан Сиро

Без пријателите Бобан и Малдини, Ибрахимовиќ го напушта Милан

Газета дело Спорт го стави Златан Ибрахимовиќ на насловната страна и најави заминување на напаѓачот од Сан Сиро, весникот пишува дека Швеѓанецот ќе му каже збогум на Милан по крајот на сезоната.

Златан Ибрахимовиќ е разочаран од правецот кој го одбрал Милан, па нема да го продолжи престојот на Сан Сиро.

Според пишувањата на Газета дело Спорт, Швеѓанецот требал да биде во центарот на проектот за следната сезона и тимот кој го склопувале Звонимир Бобан и Паоло Малдини.

Сепак, работите се променија, Звонимир Бобан доби отказ, а се верува дека иста судбина ќе го снајде и Паоло Малдини. Генералниот извршен директор Иван Газидис има други планови, па на Златан Ибрахимовиќ не му се допаѓа ваквиот развој на настаните и ќе замине по истекот на договорот.

Дали ќе стави крај на кариерата или ќе реши да се испроба на друго место, останува да се види.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе