Серија А

Без победник на дербито, Јувентус и Милан ги поделија бодовите (ВИДЕО)

Јувентус и Милан одиграа 1-1 во еден вистински дерби натпревар со голема борба од двете страни, домаќините имаа водство уште од самиот почеток, а на крајот росонерите беа поблиску до победа. 

Јувентус го освои вториот бод оваа сезона, Милан за првпат не победи.
 
Натпреварот не можеше да почне подобро за Јувентус, уште во четвртата минута дојдоа до водство со гол на Мората по асистенција на Дибала.
 
Израмнувањето стигна на 15 минути до крајот, кога по еден коренер Ребиќ постигна гол со глава за израмнување на 1-1.
 
Во 86. минута Калулу имаше фантастична шанса да му донесе победа на Милан, но Шчесни со прекрасна интервенција го спаси својот гол.
 
По четири одиграни кола Милан е на второто место со десет бода колку што има и Интер но тие имаат подобра гол разлика. Јувентус е на 18. место со само два бода.

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе