Лига на шампиони

Без одбрана не може да се победи Кјелце, нов пораз на Вардар

Очајното издание на вардаровите голмани и лошата игра во одбрана е причината поради која Вардар загуби на гостувањето кај Кјелце убедливо со 36:29. 

Вардар го загуби и вториот натпревар по ред од Кјелце, македонскиот тим повторно разочара, овој пат главен проблем беа голманите кои вкупно имаа три одбрани, две Кантеграл и само една Борко.
 
Нашиот тим имаше одличен старт на мечот, Вардар поведе со 5-2, тогаш се разбрани нивниот голман Корнетцки и случувањата на теренот се променија. Кјелце брзо израмни, па се играше гол за гол до 10-10, тогаш полскиот тим направи серија од 5-0, а на одморот заминаа со водство од 18:12.
 
Во второто полувреме приказната беше слична, Кјелце го контролираше резултатот, вардаровите голмани во овој дел од мечот имаа само една одбрана, а кога е така не може рамноправно да се парира во меч од Лигата на шампионите против било кој противник, а не против силна екипа како што е Кјелце. 
 
Дибиров беше најефикасен кај Вардар со седум гола, Јотиќ постигна шест, по четири реализираа Чупиќ, Стоилов и Дисингер. Кај Кјелце, Душебаев и Аркадиуш постигнаа по седум гола, голманот Корнетцки имаше 12 одбрани.
 

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе