Ла Лига

Без многу возбудувања и без победник на дербито на Мадрид, Облак го спречи Реал да слави (ВИДЕО)

Атлетико и Реал ги поделија бодовите во лутото градско дерби кое за жал беше без многу возбудувања, Јан Облан со одлична парада го спречи Карим Бензема да донесе славје за гостите.

Лутите градски ривали ги поделија бодовите, вечерва на „Ванда Метрополиано“ мрежите мируваа. Атлетико и Реал понудија сиромашно „Ел Мадрлењо“ со многу мускули и малку убавина.

Во прв план на Симеоне и Зидан им беше да останат непоразени, па љубителите на фудбалот не видоа ниту една 100% шанса. Облак и Куртоа имаа малку работа, беа приморани да интервенираат еднаш или два пати.

Најголема мака виде голманот на Атлетико кога во 75. минута од мечот Бензема биеше со глава, а Облак со убава парада спречи водство на „кралевите“.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе