четврток, 25 април 2024

Русија стави вето на ОН-резолуција за спречување нуклеарно оружје во вселената

Русија стави вето на резолуцијата на ОН за запирање на развојот и распоредувањето на нуклеарно оружје во вселената.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Нацрт-предлозите ги повикуваат сите држави со „големи вселенски капацитети“ да „придонесат за целта“ да се одржи мирот во вселената и да се спречи трката во вооружување во вселената.

Исто така, во неа се повикуваа земјите да го поддржат Договорот за вселената од 1967 година, според кој сите страни се согласија „да не ставаат во орбитата околу Земјата никакви објекти што носат нуклеарно оружје или кој било друг вид оружје за масовно уништување“.

Вкупно 13 од 15-те членови на Советот гласаа за, при што Русија – една од петте постојани членки со право на вето – гласаше против, а Кина беше воздржана.

Во февруари портпаролот на Белата куќа Џон Кирби предупреди дека Русија развива „вознемирувачко“ ново антисателитско оружје.

Американските вселенски сили во средата предупредија дека Кина развива антисателитско оружје како дел од спектакуларната воена експанзија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ