Лига на нации

Без капитенот Стефан Ристовски ќе ја почнеме новата сезона во Лигата на нации

Стефан Ристовски поради повреда на стапалото нема да биде во комбинација за стартот на новата сезона од Лигата на нации, отпадна и Ердал Ракип. 

На денешната прес-конференција, селекторот Благоја Милевски соопшти дека поради повреда на стопалото, Стефан Ристовски отпаѓа од комбинација, а Ердал Ракип е ослободен поради приватни причини.
 
На претходно објавениот список ги немаше ниту Аријан Адеми и Адис Јаховиќ кои се ослободени поради напорната сезона и честите повреди.
 
„Ристовски има контузија на стапалото, тоа е сериозна повреда иако деталните снимки покажуваат дека нема скршеница, но има оток и ќе треба да направи нови снимки, мора да паузира“, изјави Милевски.
 
Во отсуство на Ристовски, Енис Барди ќе биде капитен.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе