Најубедлива беше екипата на Академија Пандев која со 6-0 победи на гостувањето кај Тетек, по еден гол помалку дадоа Работнички кај Коњаре и Победа во Карбинци.
Шкупи со 2-1 славеше кај Беласица, а Струга со 2-1 го победи Вардар Неготино. Скопски Вардар со убедливи 3-0 славеше против Каменица Саса, Пелистер со 1-0 беше подобар од Гостивар.
Шкендија со сигурни 3-0 го доби дуелот со Караорман, со истиот резултат Брегалница славеше против Слога Виница, а Тиквеш со 2-0 беше подобар од Кожув.
Единствен домаќин кој дојде до победа беше екипата на Фортуна која со 5-3 го совлада Борец.
Мечевите службено ги добија Скопје со Црно Буки, Љуботен со Ренова и Воска со Зајас.
Македонија Ѓорче Петров и Силекс како финалисти одат директно во осминафиналето.
КУП НА МАКЕДОНИЈА, ПРВО КОЛО
Вардар Неготино – Струга 1-2
Беласица – Шкупи 1-3
Коњаре – Работнички 0-5
Караорман – Шкендија 0-3
Слога Виница - Брегалница 0-3
Тетекс - Академија Пандев 0-6
Карбинци – Победа 0-5
Кожув – Тиквеш 0-2
Каменица Саса – Вардар 0-3
Гостивар – Пелистер 0-1
Фортуна – Борец 5-3
Црно Буки - Скопје 0-3 службено
Љуботен - Ренова 3-0 службено
Зајас - Воска 0-3 службено
Македонија ЃП и Силекс директно одат во осминафинале
Легенда под Главна слика
Фото: ФК Вардар