ПМФЛ

Без голови на дербито меѓу Вардар и Шкендија

Вардар и Шкендија одиграа 0-0 на дерби пресметката во Маџари, Работнички со 2-1 славеше гостинска победа кај Ренова, реми на дуелот меѓу Македонија ЃП и Академија Пандев.

Вардар и овој пат не успеа да ја победи Шкендија, веќе осум натпревари по ред нема триумф над ривалот. Тетовци направија уште еден чекор поблиску до одбрана на титулата.
 
На денешниот меч кој се играше на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, и двете екипи имаа свои шанси за победа, но ниту еднаш не се затресе мрежата. Шкендија ја задржа предноста од 12 бода пред Вардар на врвот на табелата и задоволна се враќа во Тетово.
 
Академија Пандев не го искористи ремито на Вардар за да се доближи до втората позиција, одигра 1-1 на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров. Пандевци поведоа со гол на Миловановиќ пред крајот на првото полувреме, Филиповски изедначи по 20 минути игра во вториот дел.
 
Работнички победи на гостувањето кај Ренова со 2-1. Сите три погодоци беа постигнати во 15 минути од второто полувреме. Романтичарите поведоа со гол на Вијачки во 63. минута, десет минути подоцна Адем го изедначи резултатот, а во 77. минута Пеев донесе триумф за гостите од Скопје.
 
Шкупи со 2-1 го совлада Силекс. Броја и Михарем во првото полувреме му донесоа водство на домаќинот од 2-0, Кратовци преку Дурански во 51. минута успеаа само да намалат.
 
Во дербито на дното Беласица и Победа ги поделија бодовите играјќи 1-1. Прилепчани имаа водство со гол на Јаник, Савиќ го изедначи резултатот.
 
Резултати:
 
Вардар - Шкендија 0:0
Шкупи - Силекс 2:1
Македонија ЃП - Академија Пандев 1:1
Беласица - Победа 1:1
Ренова - Работнички 1:2
 
Табела:
 
1. Шкендија 63
2. Вардар 51
3. Академија Пандев 47
4. Работнички 39
5. Ренова 36
6. Шкупи 36
7. Македонија ЃП 34
8. Силекс 28
9. Беласица 24
10. Победа 20
 
Фото: ФК Шкендија

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе