Куп на Шпанија

Бетис на пенали ја победи Валенсија и по третпат во својата историја го освои Купот на Шпанија (ВИДЕО)

Бетис го доби големото финале од Купот на Шпанија против Валенсија откако ја победи на пенали, натпреварот по 120 минуи игра беше 1-1. 

А почна ефикасно, во 11. минута Игнезиас со глава постигна гол за водство на Бетис од 1-0, во 30. минута Дуро изедначи на 1-1. 
 
Се чинеше дека ќе има уште голови, но тука запреа стрелците. Немаше нов гол до 90. минути, а немаше ниту во продолжението па пеналите решаваа.
 
Во пенал серијата Бетис ги даде сите пет пенали, а за Валенсија промаши само Мусах.
 
За Бетис ова беше трет освоен пехар во Купот на Шпанија во нивната историја.
 
Посебно емотивен момент беше за нивната легенда Хоакин, кој го освои купот со Бетис во 2005 година кога имаше 23 години, и сега на 40 години.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе