Бараше објаснување

Бесниот Демба Ба го прашуваше судијата: Зошто рече овој црн човек? (ВИДЕО)

Демба Ба имаше жестока дискусија со четвртиот судија, го праша зошто се обратил со зборовите „овој црн човек тука", и му посочи дека не се однесува така кон белите фудбалери.

Четвриот судија предизвика голем скандал на дуелот помеѓу ПСЖ и Башакшехир, обвинет е дека кога го повикал главниот судија да подели картон на клупата на гостите ги користел зборивте „овој црн човек тука“.

Пјер Вебо веднаш реагираше, а потоа на судијата му се пушти и Демба Ба.

Поранешниот играч на Њукасл и Челси порача: „Не рече овој бел човек туку овој човек, па зошто велиш овој црн човек тука? Слушај ме, зошто кога посочуваш црномурест човек мораш да речеш овој црн човек?“

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе